БПЦ ќе го разгледува писмото од МПЦ-ОА
Светиот синод на БПЦ денеска треба да го разгледува писмото што на 9 ноември му го упати Синодот на МПЦ-ОА, а во кое се бара признавање на афтокефалноста на македонската црква и евхаристиско единство со бугарската црква.
Според најавите на бугарските владици, не се очекува брз одговор на БПЦ, туку ќе биде формирана комисија која ќе треба да ги информира останатите православни цркви и да го слушне нивното мислење за барањето на МПЦ-ОА.
Бугарскиот патријарх Неофит минатата недела на средба со претседателот Румен Радев најави дека има добра волја во Бугарската црква за позитивно решение. Патријархот Неофит, како што пренесоа бугарските медиуми, го уверил Радев дека Бугарската патријаршија има добра волја да бара начини за позитивно решение. Бугарскиот патријарх и претседателот се согласиле и дека бугарската држава и црква се обединети во желбата да се развиваат и продлабочуваат односите меѓу Бугарија и Македонија. Во тој контекст оцениле и дека потпишаниот билатерален договор за пријателство, ќе ја зајакне меѓусебната доверба и соработка.
Според него, воспоставување на евхаристиската заедница меѓу БПЦ и МПЦ-ОА е природна последица дури и на „Договорот за пријателство и соработка меѓу Бугарија и Македонија“ и е во согласност со евроатлантските интеграциски процеси кон кои се стреми Македонија со помош на Бугарија
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница