За 20 проценти повеќе патници на македонските аеродроми

Преку аеродромите „Александар Велики’’ во Скопје и „Св. Апостол Павле’’ во Охрид во првите девет месеци годинава патувале 1.183.728 патници, што е зголемување за 20 проценти во однос на истиот период лани.
Од јануари до септември годинава на двата аеродроми се реализирани 11.695 летови, при што порастот на годишно ниво е 10 проценти, информира денеска од „ТАВ Македонија’’, компанијата која оперира со македонските аердороми.
- За разлика од аеродромите во Европската Унија, каде што во август просекот за пораст на бројот на патници е 5,2 проценти, ние бележиме пораст од 30 проценти на скопскиот и охридскиот аеродром во септември, споредено со истиот месец лани, вели Зоран Крстевски, генерален директор на ТАВ Македонија.
Зголемувањето на бројот на патници, наведува Крстевски, е резултат на маркетинг-политиките на ТАВ-холдингот за привлекување нови авиокомпании и зголемување на постоечките фрекфенции од македонските аеродроми. - Истовремено, од голема помош за континуираниот пораст на вкупниот сообраќај е и поддршката на Владата за нискобуџетните авиокомпании, како и се почестото присуство на странски туристи во Македонија, нашите иселеници кои почесто ја посетуваат татковината, како и младите луѓе кои сакаат да патуваат и откриваат нови дестинации, изјави Крстевски.
Во последно време, посочи, значително е зголемен и интересот на граѓаните од соседните земји, како од Косово, од Албанија и од Србија, за патување преку скопскиот аеродром „Александар Велики’“, што навестува негово позиционирање како главен центар меѓу аеродромите во регионот.
Крстевски информира дека се во тек преговори со најголемиот турооператор во Европа „Томас Кук“ за чартер летови од идното лето во Охрид. Можноста за влез на Хрватска во шенген зоната идната година, според Крстевски, остава простор за поголем прилив на туристи во балканските држави.
Од ТАВ Македонија велат дека очекуваат трендот на зголемување на сообраќајот на аеродормите во Скопје и во Охрид да продолжи и натаму, како резултат на новите осум линии кои се воведоа годинава, односно шест од Скопје за Женева, Фридрихсхафен, Осло, Барселона, Хамбург и Нинберг, и две од Охрид за Лондон и за Базел.
Според податоците на ТАВ Македонија, најфрекфентна дестинација од „Александар Велики“ и натаму е Истанбул со 14,4 проценти пазарен удел во вкупниот сообраќај, по што следуваат следуваат Цирих, Виена, Малме, Базел и Лондон. Од јанаури до септември годинава најголем број патници превезла авиокомпанијата „Виз Ер“ која е со 49 проценти пазарен удел, шп која следуваат „Туркиш ерлјанс“, „Аустриан ерлајнс“, „Пегасус ерлајнс“, „Ер Србија“ и „Еделвејс“.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
