Почна седницата на Хашкиот трибунал за изрекување на пресудата за Ратко Младиќ
Почна седницата на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија, на која ќе биде соопштена пресудата за поранешниот воен лидер на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ.
Младиќ е присутен во судската сала. Тој е обвинет дека под негова команда биле убиени околу 7.000 муслимански заробеници на подрачјето на Сребреница. Тој се товари и за гранатирање на Сараево, како и за логорите Омарска, Кератерм, Бањица и Трнопоље. Младиќ е обвинети и за еден случај на геноцид, седум случаи за соучество во геноцид и шест случаи на кршење на законите и обичаите на војната, вклучително убиства, спроведување на терор над цивили и земање заложници.
Синот на поранешиот командант на војската на босанските Срби, генерал Дарко Младиќ изјави дека неговото семејство е подготвено на секева пресуда. Тој и го обвини Трибуналот дека не е објективен и оти не успеал да го поврзе татко ми со ниту една точка од обвинението.
Ново на Сител
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение