Штајнмаер ги повикува преговарачите за германска влада на одговорност
Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер ги предупреди партиите кои водат преговори за формирање нова коалициска влада сериозно да си ја сфатат својата одговорност и да избегнат нови избори.
- Нема повод за панични расправи за нови избори, рече Штајнмаер за неделното изданите на весникот „Велт“.
Тој додаде дека секој кој ги набљудувал коалициските преговори претходните години или учествувал во нив, знае дека пред официјалниот почеток на преговорите партиите се обидуваат да го зголемат вниманието на медиумите.
- Но, се разбира, очекувам сите страни да бидат свесни за својата одговорност, а тоа значи да не го враќаат мандатот на граѓаните, изјави Штајнмаер.
Тој порача дека не мора да биде лошо за демократијата ако преговарачите на „Јамајка коалицијата“ се помачат околу прашања како што се миграција и климатски промени.
Исто така укажа дека демохристијаните на Ангела Меркел, Зелените и либералите би требало мирно да ги решат несогласувањата пред истекот на рокот денеска во 18 часот.
- Мора да биде јасно: од контроверзија каква што е неопходна за демократијата, не смеат да настанат ниту непомирливост, ниту непријателство, порача Штајнмаер.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница