Сласовски и Антовски разговараа за потребите на припадниците на МВР
Проблемите со кои се соочуваат вработените во полицијата, можностите за подобрување на условите за работа, како и за усогласувањето на платите на вработените во МВР со платите на вработените во сродните институции во државата и полициите во опкружувањето, беа дел од темите за кои разговараа на денешната средба министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и делегација на Македонскиот полициски синдикат предводена од претседателот Ацо Антовски.
Министерот Спасовски ги информирал претставниците на Синдикатот дека во тек се конкретни активности за подобрување на стандардот на работење на полициските службеници, почнувајќи од набавка на основната полициска опрема како што се униформи и чизми, нешто што, како што посочил, не се случило скоро цела деценија.
Во врска со можностите за можностите за можноста за усогласување на платите на вработените во МВР со платите на вработените во сродните институции во државата и полициите во опкружувањето и беше договорено во најбрз рок да се направи сеопфатна анализа на состојбите во Министерството и врз основа на тоа да се договорат можностите, начинот и условите врз основа на кои би продолжил овој процес.
- Ддоговорено е да се формираат заеднички работни групи со цел отпочнување на процесот на изготвување на нова листа на плати за вработените во МВР, како и изнаоѓање на начин за исплата на сите парични побарувања на вработените по било којa основa, а се со цел избегнување на евентуални судски спорови и трошоци, се вели во соопштението од МВР.
Министерот Спасовски и претставниците на синдикатот се договориле во најскоро време да се најде привремено решение за вработените во ПС за ГП и ГН „Белановце“ – Пункт „Гошинце“, се до конечно решавање на инфраструктурата и состојбата на постоечкиот објект.
Тој истакнал дека за секое барање или предлог на Синдикатот, раководството на Министерството е подготвено за отворен разговор и изнаоѓање на решенија. Актуелното раководство на МВР, посочил Спасовски, досега ниту одбило каков и да е синдикален предлог, ниту пак има намера во решавањето на проблемите да ги исклучи полициските синдикати.
Ново на Сител
-
По повод Велигден автобусите од јавниот превоз во петок и понеделник ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година
-
Скопјанец добил пари на рулет, па го искршил истиот, по што обезбедувањето на казиното физички го нападнало
-
Андовски: Уште двајца од пожарот во Кочани во релативно тешка состојба
-
Загина мотоциклист откако излетал од патот
-
62-ра жртва од пожарот во Кочани, во Белград почина Стојанче Стојанов
-
Женско бебе пони во ЗОО Скопје
-
Четири лица краделе предмети од објект на ЈП Железници со вкупна вредност од околу 1.239.000 денари