Предавање за производство на вино во домашни услови
Производство на вино во домашни услови, беше насловот на предавањето за индивидуалните преработувачи на грозје што се одржа синоќа во Кавадарци, во организација на Здружението на винари на Македонија.
Со предавањето беше означен стартот на манифестацијата „младо вино“ која годинава ќе се реализира четврти пат и во чии рамки денеска ќе се одржи дегустација и оценување на вина од домашни производители, додека утре е доделувањето на наградите за најдобрите.
Предавачот и претседател на Здружението Игно Тасев ја истакна потребата од дополнително едуцирање на земјоделите и најави повеќе вакви настани во иднина.
- Целта е индивидуалните производители на вина да можат во своето производство, покрај традицијата и знаењето, да ги вметнат и енолошките решенија што ги нуди новото време за подобар производ и развивање мали, семејни бизниси, рече Тасев за МИА.
Според, заменик претседателот Елена Богева, се зголемува интересот кај индивидуалните винари да учествуваат на натпреварот за најдобро вино и квалитетот на пристигнатите мостри е се подобар.
Предавањето се одржа во просториите на дисперзираните студии при Универзитетот „Гоце Делчев” (УГД) од Штип, во рамки на традиционалната соработка која Здружението ја има со Земјоделскиот факултет при УГД.
Ново на Сител
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште