Продолжува собраниската расправа за законот за јазиците
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи расправата по Предлог-законот за употреба на јазиците во прво читање.
Дебатата на 15. собраниска седница за овој закон беше прекината пред почетокот на кампањата за локалните избори, а продолжи вчера. Пратениците повторно ги спротивставија ставовите. За владејачкото мнозинство, законот ќе придонесе за зголемување на соживотот во државата, не го нарушува нејзиниот унитарен карактер и е во согласност со Уставот, додека за опозицијата не е уставен и неговата примена ќе доведе до двојазичност на целата држава.
Собранието по оваа, треба да ја продолжи 12. седница на чиј дневен ред се Предлог-законот за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија по скратена постапка, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување по скратена постапка, Предлог-законот за издавање вредносни бонови - ваучери по скратена постапка, сите три поднесени од Драган Данев, Илија Димовски и Невенка Стаменковска, како и Предлог-одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на Собранието на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Преодно стабилизирање на времето се очекува во петок
-
Косово и САД потпишаа договор за борба против манипулирањето на информации од други држави
-
Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница
-
Лидерите на „ВРЕДИ“ на средба со Албин Курти
-
Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас"
-
Маск пристигна на Бали поради планираната достапност на интернет услугата Старлинк
-
Првата официјална посета во странство на претседателката Сиљановска Давкова во Ватикан и Рим
-
Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите, но нема да го сторите тоа