Во тек е аплицирање за Чивнинг стипендиите за 2016/2017 година
Талентираните професионалци од разни области, од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од Македонија можат да аплицираат за стипендија во рамки на британската шема за стипендирање спонзорирана од британското Министерство за надворешни работи и Комонвелт.
Чивнинг стипендијата, како што информира Британската амбасада во Скопје, се доделува на талентирани лица кои имаат потенцијал за лидерство. Стипендијата нуди финансиска поддршка за магистерски студии на водечките универзитети во Обединетото Кралство за учебната година од септември 2016 година.
Заинтересираните лица имаат можност за аплицирање до 3 ноември 2015 година.
Во 2015 година се доделени стипендии на девет кандидати од Македонија кои ќе имаат можност да студираат на универзитети во Обединетото Кралство.
Стипендиите се доделуваат за едногодишни магистерски студии на повеќе предмети на водечки британски универзитети.
За да можете да аплицирате за Чивнинг стипендија треба да сте државјанин на земја за која се отворени Чивнинг стипендиите и да планирате да се вратите назад по завршувањето на студиите, да имате додипломски студии на ниво на „upper second-class honours“ според британската класификација на образование, да сте биле работно ангажирани најмалку две години пред да аплицирате за Чивнинг стипендија, да исполнувате минимум услови за познавање на англиски јазик според критериумите на Чивнинг и да немате пречки за добивање на виза и да добиете неусловена понуда од британски универзитет.
- Тимот на Чивнинг би сакал да види апликации од заинтересирани кандидати кои би студирале во областите на јавни политики (јавна администрација, правда и внатрешни работи/одбрана), студии за развој (заедници, образование и одржлив развој), економија (економско управување и управување со јавни финансии), мултикултурализам (различност и еднаквост), се наведува во соопштението од Британската амбасада.
Заинтересираните кандидати, како што се додава во соопштението, треба да ги прочитаат насоките за аплицирање достапни на интернет и треба да бидат во можност да покажат дека ги исполнуваат критериумите за селекција за Чивнинг пред да поднесат апликација. За повеќе детали за роковите за аплицирање и за приоритетните области на студирање видете на: http://www.chevening.org.
Ново на Сител
-
Го славел раѓањето на син со пријателите и го загубил животот во пожарот во „Пулс“
-
Додека Македонија тагува, настан за дрифтање со 300 возила кај „Борис Трајковски“ | ВИДЕО
-
Поведена постапка против 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор
-
Клековски: Вечерва пристигна еден тим од ВМА Белград, а во очекување сме на тимови од Чешка, Израел и Белгија
-
На Клиниката во Ниш примена пациентка со тешки повреди од пожарот во Кочани
-
Бугарското МЗ објави контакт број за роднините на настраданите кои се пренесени таму на лекување
-
Бискупот Стојанов упати сочувство за настраданите во Кочани
-
Папата Фрањо жали за жртвите од дискотеката во Кочани