Во Конго почнува судењето против 18 лица поради силување на деца

- Во Демократска Република Конго денеска почна судењето против 18 припадници на милиција под обвинување дека силувале 46 деца, јави Би-Би-Си.
Најмладата жртва на силување од селото Кавуму имала само 18 месеци.
Мажите се обвинети дека во периодот меѓу 2013 и 2016 година, следејќи го советот на духовен советник силувале девојчиња, бидејќи, верувале оти крв од девица ќе им гарантира заштита од натприродните сили.
Денешното рочиште започна со доцнење од 10 часа и траеше само 20 минути. За време на тој период беа прочитани имињата на обвинетите. Осомничениот водач на милицијата Фредерик Батумике и другите обвинети се изјаснија дека не се виновни.
Групите за заштита на човековите права се надеваат дека судењето ќе го скршне вниманието на јавноста и ќе помогне да се запре „културата на силување како средство за војување во ДР Конго“.
Обвинителите велат дека било многу тешко да се спроведе истрагата, бидејќи жртвите биле толку млади.
- Нивните семејство најчесто спиеле, кога се случувале силувањата, изјави адвокатот на жртвите.
Жителите на селото веруваат дека „волшебен прав“ бил користен за семејствата на жртвите да спијат со длабок сон.
Ново на Сител
-

Русија тврди дека Украина одбила прекин на огнот во Костјантинивка
-

Вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, уапсени пет лица
-

Иран и Катар ја обновуваат поморската трговија по речиси петмесечна пауза
-

Поради активност на вулканот Етна суспендиран авионскиот сообраќај на Сицилија
-

Ѓорѓиевски: Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола - длабок поклон за брзата реакција на пожарникарите
-

Големиот пожар во близина на Солун ставен под контрола – уапсено едно лице
-

Мицкоски: Зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините - повторно остануваме држава со најниски цени
-

Бруклинскиот мост се запали за време на прославата на Денот на независноста
