Целосен шок: Разводот на Ана и Раста маркетиншки трик!?
По последните фотографии може да се заклучи дека пејачката и раперот можеби се угледале на своите светски пандани и ги искористија приказните за разводот како одличен маркетиншки потег за промоција на студиските материјали кои треба да им излезат.
Да потесетиме, светските медиуми години наназад објавуваа извештаа за проблемите во бракот на Бијонсе и Џеј Зи, но тие упорно демантираа. И токму кога гласините се стишаа, пејачката го објави албумот "Lemonade" кој детално се занимава со неверството на сопругот и сите фази низ кои таа поминала на патот до простувањето и враќањето на семејстовото на куп.
По излегувањето на албумот, Бијонсе не даде ниту едно интервју, туку пушти песните да говорат за себе, а медиумите и обожавателите со месеци се расправаат која е таа „Беки со добра фризура“, односно љубовнциата која Џеј Зи ја имал. Резултат на се беше среќно семејство, без оглед дали тие навистина минале низ криза, а албумот стана еден од најпродаваните таа година.
Последните фотографии на екипата на „Папарацо лов“ говорат во прилог на тоа дека Раста преспал во станот на Ана, поради што екипата на споменатата емисија тврди дека целат помпа е всушност маркетингшки трик. Тие за сето тоа го обвинуваат братот на Ана, Марко Николиќ.
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност