Скопските власти подготвени за зимата

Град Скопје е подготвен за одржување на магистралните и собирните улици на подрачјето на Скопје во зимски услови. Во моментов има залиха од сол во депоата на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ од околу 1.300 тони и во тек е тендерската постапка за набавка на уште 3.000 тони сол.
Покрај солта и ладниот асфалт, обезбедена е и техничка поддршка од специјалните возила на фирмата „Аполо инженеринг“ од Скопје со 15 камиони, кои се опремени со GPRS и ќе бидат ставени на располагање во текот на сезоната.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на 30 октомври 2017 година ги одржа првите координации со градскиот штаб за одржување на сообраќајниците во зимски услови.
- Договорени се сите активности со субјектите кои се вклучени во оваа комунална активност која треба да обезбеди оптимални услови за секојдневна комуникација и живеење во зимски услови за граѓаните на Скопје, информираaт од градската управа за МИА.
Градот веќе има донесено Програма за одржување на улиците во зимски услови за сезоната 2017-2018 година. Во програмата се предвидени сите материјално-технички и персонални решенија за одвивање на активностите во текот на зимата.

Зимската служба е активна од 15 ноември до 15 март следната година. Зимската служба ќе ја користи и механизацијата на јавното претпријатие „Улици и патишта“, кое е носител на активностите. „Улици и патишта“ ќе се приклучат со 16 разновидни возила и машини, а на располагање е и механизацијата на останатите јавни градски претпријатија. Доколку има потреба има предвидена и резервна механизација која би се вклучила во услови на големи и постојани снежни врнежи.
- Градските јавни претпријатија веќе почнаа со активностите околу подготовка за одржување и расчистување на инфраструктурата која е под нивна надлежност. Тоа е предвидено и за големите инфраструктурни оператори, како што се електродистрибутивните и телекомуникациските оператори, информираат градските власти за МИА.
Пунктовите на зимската служба ќе бидат стационирани во Ѓорче Петров, Бутел и на булеварот „Трета македонска бригада“. Точно се утврдени и приоритетните точки на кои ќе се интервенира во првиот бран на расчистување на снегот, како и пред важните установи.
Во планираните активности ќе се вклучат и сообраќајната полиција, инспекциските органи, граѓаните и стопанските субјекти кои треба да ги обезбедат условите околу своите живеалишта и деловните простории со личен придонес за создавање на оптимални услови за живот во зимската сезона.
Покрај градските власти потребно е да се координираат и скопските општини, кои најнапред треба да ги реализираат сопствените обврски на улиците кои се во нивна надлежност и за кои се задолжени да ги одржуваат во зимски услови.
Со Програмата за одржување на магистралните и собирни улици на подрачјето на Град Скопје во зимски услови за сезоната 2017/2018 година предвидени се околу 44 милиони денари, во делот на активностите на јавните претпријатија
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: За брзо време ќе биде откриен причинителoт за влевање на непозната материја oд Лeпeнeц вo Вардар
-

Во ЈЗУ во Гостивар прегледани 197 пациенти кои првпат побарале лекарска помош, што е намалување во однос на претходниот ден
-

Пијан велешанец ја нападнал мајка си и ѝ го скршил мобилниот телефон
-

26-годишник живеел во вонбрачна заедница и силувал малолетно девојче повеќе од една година
-

Сообраќајка помеѓу 4 автобили во Скопје, повредени повеќе лица
-

Штрајк на грчките цариници во понеделник, товарниот сообраќај во прекин
-

Муцунски: Нема информации за закани кон Македонија поради поддршката на американските операции во Заливот
-

Трамп се закани со сериозна воена одмазда против Иран и Хутите како негови сојузници
