Свет
4. November 2017 - 13:45

Дванаесет жртви во монсунските дождови во Јужна Индија

Најмалку 12 лица загинаа оваа недела како резултат на обилните монсунски дождови што ја поплавија јужната индиска држава Тамил Наду. Неколку илјади луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови и се сместени во привремени засолништа.

Училиштата во градот Чанај и другите крајбрежни градови се затворени и метеоролозите предупредуваат дека повеќе поројни дождови се очекуваат во текот на викендот.

Во денешното соопштение од Владата се наведува дека повеќе од 10.000 луѓе се наоѓаат во 105 државни кампови за привремено сместување по поплавите во ниските региони во Чанај и неговите предградија.

Сезоната на монсуните во областа започна на 27 октомври и се очекува да продолжи до почетокот на декември. Обилните дождови во Ченај во текот на изминатите три дена ги зголемија стравувањата за повторување на поплавите во 2015 година, кога загинаа 150 лица.