Живот
3. November 2017 - 8:23

Водителка среде емисија го крена фустанот и почна да скока

Прво на никого не му беше јасно, а натпреварувачите се шокираа. Водителката во паника го крена фустанот и се сврте со грб. Подоцна кажа дека мислела дека во гаќичките има пајак.

Романската ТВ водителка Илинка Вандичи ги шокираше гледачите кога на снимање на емисијата панично го крена фустанчето и го покажа долниот веш. Мислела дека внатре влегол пајак.

Натпреварувачите, но и оние кои во живо во студиото го следеле реалното шоу останале изненадени кога Вандичи кренала паника, се свртела и почнала да го „брка пајакот“. Во тоа и помогна и еден од натпреварувачитe.
 
 
Камерманот увидувајќи дека се работи за непланирана работи, го оддалечи фокусот на снимање, а натпреварувачот успеа да ја смири водителката. Се увери дека во гаќичките нема ништо, а емисијата продолжи нормално.