Џет-Сет
2. November 2017 - 22:17

Драги мои не чекајте! Сека апелира до сите жени со ист проблем, веднаш да се јават на лекар

Фолк ѕвездата Сека Алексиќ е една од ретките лица од естрадата која за својата борба за потомство и процесот на вонтелесно оплодување зборува јавно и не како другите, да се срами од начинот на кој останала бремена. Јавно зборуваше за секој детаљ низ кој минала во лекувањето на стерилитетот, но истакнуваше дека тоа е проблем со кој се соочуваат многу жени и дека е важно за тоа да зборува гласно.

Иако Вељковиот и нејзин син Јаков неодамна наполни една година, оваа двојка реши нивниот љубимец што поскоро да добие друштво. Имено, Сека открива дека повторно влегла во процесот на инвитро и за околу 2 месеци се надева на среќни вести.

-Почнавме со подготовките, познато е дека вонтелесното оплодување не е брзо. Би сакале што поскоро да се оствариме повторно како родители. Најверојатно тоа ќе биде на почеткот на идната година. Со Јаков сфативме дека  најголемо богатство на еден човек е потомството, фала на Бога што ни го дари. Со медицинските стручњаци и мојата докторка Гоца Ивановиќ, искрено се надевам дека ќе успееме повторно. Би сакале да имаме повеќе деца и да нема голема разлика меѓу нив, вели Сека.

Единствена причина поради која Алексиќ зборува за оваа тема е што сака да ја разбуди свеста кај жените кои не се охрабруваат да влезат во процесот на вонтелесно оплодување.

-Апелирам до сите жени кои имаат слични проблеми да се јават што порано кај лекар, да почнат со тој процес зошто секоја година за жените е важна. Велат дека за вонтелсно оплодување се важни три работи: прво, годините на жената, втора годините на жената и трета исто така годините на жената. Затоа драги мои, не чекајте, не се двоимете, не се плашете! Апсолутно се е безболно, хормоните кои им се даваат на жените се мининални и апсолутно не влијаат на килограмите, вели таа.

Пејачката се породи на 24 септември 2016 година и неодамна направи гала прослава на првиот роденден на синот единец.