-->
-->
АРМ подготвена за справување со мигрантската криза
-->

„Справување со толпа при обезбедување на државната граница“ беше називот на вежбата што ја реализира еден вод на 3. механизиран пешадиски батаљон (3.мпб) при АРМ по состанокот на Командантот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) бригаден генерал Мирче Ѓоргоски со командантите и командирите на потчинетите единица на бригадата бо касарната во Тетово.
Како што објави АРМ на својата веб страна, вежбата била изведена по сценарио креирано согласно предизвиците со кои се соочуваа војниците при обезбедување на државната граница во услови на зачестените мигрански движења како последица на воени дејствија во трети земји. Според сценариото, патрола со јачина од едно одделение при изведување на задача патролирање во реонот за обезбедување на државната граница, се соочува со група на нелегални минувачи-мигранти кои се обидуваат да навлезат во длабочина на РМ.
Во текот на вежбата со повеќе тактички постапки, техники и процедури во справувањето со мигрантите, од АРМ истакнуваат дека било видливо искуството на припадниците на 3.мпб кои како и сите други единици на 1.мпбр, директно учествуваа во обезбедувањето на државната граница во изминатите две години, и сеуште се присутни со одредени активности на јужната и северната граница на Република Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
