Рашковски: Невладините треба да бидат финансирани од Владата, но не и купени со парите
Да се зголеми државното финансирање на граѓанските организации, да има отворен повик со јасни критериуми и независна комисија што ќе ги оценува проектите, но и да се следи употребата на парите и граѓанските организации да даваат отчет за својата работа и остварените ефекти во општеството.
Тоа беше посочено на денешната конференција „Предлог модел за државно финансирање на граѓански организации во Македонија”, во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).
Генералниот секретар на Владата на Република Македонија Драги Рашковски, на отворањето на конференцијата рече, дека невладините организации треба да бидат финансирани од Владата, но не треба да бидат купени со парите.
- Нашата интенција ќе биде реално да направиме проценка каде средствата дале ефект и колкав е тој ефект во општеството. Финансиите се лимитирани според буџетските можности, меѓутоа било каква друга помош секогаш ќе биде пружена ако е во насока на јакнење на јавниот интерес. Едностано од нас покрај што ќе барате парични средства барајте и друг тип на помош, изјави Рашковски.
Според Александар Кржаловски од МЦМС, Македонија на патот кон ЕУ мора да го реформира системот за финансирање на граѓанските организации, да се зголеми финансирањето од државата и тоа да биде транспарентно и над партиско.
- Финансирањето на граѓанските организации вкупно по сите основи од државниот буџет е на ниво од четири до пет милиони евра годишно, што е исто колку што дава и фондацијата Сорос. Компаративно со регионот тој фонд треба да стигне до 30 милиони евра, од кои меѓу два и четири милиони да бидат на јавен конкурс за сите да можат да конкурираат. Досега на оглас завршуваа само 250 илјади евра за мали проекти до пет илјади евра рече Кржаловски.
Посочи дека самиот предлог е отворање на дискусијата каков тој модел треба да биде, дали централизиран во една агенција или да биде децентрализиран во секое министерство.
Конференцијата е дел од проектот „Кон реформирано државно финансирање на граѓанските организации“ спроведен од МЦМС во партнерство со ЦНВОС, финансиран од Европската Унија.
Ново на Сител
-
Две тепачки во Велес, една во верски објект, друга во угостителски локал
-
Изминатиот викенд 1172 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 459 за брзо возење
-
Илија Танчев од Пловдив е исчезнатиот нуркач по кој се трага во Охридското Езеро | ФОТО
-
Протести за поддршка на палестинскиот народ на над 100 локации низ цела Грција
-
Повеќе од 11% од депортираните од Германија минатата година биле малолетници на возраст од 6 до 18 години
-
Над 270 килограми кокаин во вредност од најмалку 5,5 милиони евра откриени на пристаништето во Солун
-
Славески: Народната банка предлага четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки
-
ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата за пиење