Сертифицирани нови 10 модератори за „Форуми во заедницата“
Десет нови модератори за програмата „Форуми во заедницата“ денеска ги добија сертификатите за успешно завршениот испит во рамките на проектот „Сертификација на форумски модератори“, кој претставува напредна фаза од проектот „Форуми во заедницата“ што го спроведува Зедницата на локални самоуправи на Република Македонија - ЗЕЛС со поддршка на Швајцарската агенција за соработка и развој - СДЦ.
- Сертификацијата на новите 10 модератори е спроведена како редовна активност на ЗЕЛС, за разлика од претходните 27 модератори кои произлегоа од проектот. Тоа го кажувам за да истакнам дека поддршката на СДЦ е повеќекратна и успехот е поголем бидејќи поттикнала самостојност на организацијата. Тоа се потврдува со оваа активност која прво била проектна, а сега е редовна услуга на членките на ЗЕЛС, рече претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски кој ги додели сертификатите заедно со швајцарскиот амбасадор во Македонија, Стефано Лазарото.
Трајновски потенцира дека ЗЕЛС преку овој проект утврди стандард за квалитет во областа на модерирањето на форумските сесии, воспоставувајќи комплетен процес на стекнување сертификат за модератор преку следење адекватни обуки и полагање испит.
- Услугите на модераторите се во полза на општините што ја користат оваа нова форма на граѓанско учество во локалната власт. Процесот не завршува со сертифицирањето. ЗЕЛС тимот смета дека треба да се потврди и на терен тежината на овој стандард по новиот круг на спроведување на буџетски форум сесии ќе го мониторира модерирањето од страна на сертифицираните модератори за да се утврди вредноста на сертификатот, рече Трајановски.
По ова, нагласи, ќе се сумираат забелешките и во согласност со потребите ќе се организираат обуки, средби и работилници или ќе се развиваат дополнителни алатки.
Амбасадорот Лазарото посочи дека проектот Форуми во заедницата се спроведува речиси 10 години.
- За овие 10 години проектот имаше подеми и падови, но никогаш не беше доведен во прашање интересот на локалните власти и на граѓаните. Наскоро Швајцарија ќе излезе од проектот, но сигурен сум дека ЗЕЛС ќе продолжи да го спроведува самостојно и одржливо и без директната швајцарска помош. Токму сертифицирањето е многу важно за програмата бидејќи на тој начин добиваме стручни лица кои самостојно ќе ги спроведуваат форумите во заедницата, рече Лазарото.
Најави дека и во иднина Швајцарија ќе продолжи со финасирањето проекти од областа на децентрализацијата и граѓанското општество во Македонија со цел земјава да ги достигне неопходните стандарди.
Ново на Сител
-
Донација од ЕУ и УНДП за граничната и криминалистичката полиција
-
Уапсен 43-годишен крадец на гулаби во Гостивар
-
Филипче до Oбвинителството доставил извештаи за работата на Онкологија, тврди дека додека бил министер имало лекови за пациентите
-
Магла во Битола и Прилеп, видливост од 100 до 150 метри
-
Данела Арсовска: Бандата која ги труе скопјани и претепа инспектори на Град Скопје се уште е на слобода | ФОТО
-
Замина легендата на македонската рок-сцена: Почина Константин Коце Икономов
-
Деновиве релативно топло, во среда повремен дожд
-
Во МНР одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот