УХМР најавува пороен дожд, грмежи и снег, еве кога доаѓа студениот бран
МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 28 Гевгелија, 25 Струмица, Д. Капија, 24 Прилеп, Штип, Битола, Скопје, 23 Виница, Тетово, Тополчани, 22 Кр. Паланка, Берово, 21 Претор, 20 Охрид, 19 Ѓуриште, Маврово, Пожаране, 15 Лазарополе.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста, а во ноќните часови во северозападните делови ќе започне да врне дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Кон крајит на денот и прекуноќта облачноста ќе се зголеи, во ноќните часови ќе ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.
ВРЕМЕТО УТРЕ: Под влијание на влажен и студен воздушен бран од утре ќе преовладува облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, (над 30 л/м2) особено во источните и југоисточните делови од земјава каде локално ќе бидат проследени и со грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен. Минималната температура ќе се движи од 7 до 12, а максималната од 13 до 18 степени.
Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а ќе бидат и поројни , проследени и со грмежи. Т=8/17
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Врнежите ќе продолжат и во вторник, но со намален интензитет, а на повисоките планини во северозападните делови ќе поминуваат во снег. Во вторник и в среда ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително намалување на дневната температура. Од средa ќе има постепено намалување на облачноста, а од четврток и пораст на дневната температура.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o