Арт фестивал „БОШ 2017“ во Гевгелија

Гевгелија денеска и утре е домаќин и организатор на деветтото издание на мултимедијалниот арт фестивал „БОШ 2017“ кој се одржува во чест и почит кон прерано починатиот актер и поет Бошко Бозаџиевски.
Традиционално, фестивалот го организира здружението на граѓани „Арт Еквилибриум“ од Гевгелија од каде најавуваат богата програма од изложби, концерти и настапи на диџеи.
- На повеќе локации во Гевгелија ќе се одржуваат концерти, изложби и видео проекции на кои помалку ќе се зборува, а повеќе ќе кажуваат. Ќе биде тоа своевиден манифест за посветеност, постојаност и континуираност на алтернативната уметничка продукција, велат организаторите од „Арт Еквилибриум“ кои фестивалот го гледаат како можност за непосредна и природна комуникација меѓу нив, учесниците на фестивалот и публиката.
Фестивалот ќе биде отворен со претставување на изложбата ,,Мистер Морген“ која е последен стрип на легендарниот плакат мајстор Игор Хофбауер од Загреб. Изложбата е апокалиптична приказна за урбаните предградија на екс Југославија, составена од 13 дела кои настанале во изминативе 10 години, најавија организаторите.
Овој фестивал, на кој до сега учествувале повеќе од 300 уметници, се одржува под покровителство на Министертвото за култура во рамки на манифестацијата „Нов културен бран“.
Ново на Сител
-

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн
-

Европската комисија одобри 6,1 милијарда евра помош за одбраната на Украина
-

Сирија и Израел одржале разговори со посредство на САД за намалување на тензиите
-

Почнува судењето против Груби и седум други лица за злоупотреби во „Државна лотарија“
-

Активни четири пожари и четири под контрола
-

Владата на Нов Зеланд иницира процедура за забрана за користење социјални мрежи за лица под 16 години
-

Затворени училишта и канцеларии во Тајван поради обилни дождови во исчекување на тајфунот „Саудел“
-

Променливо облачно и топло, попладне со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
