-->
-->
Реал Сосиедад без шест играчи во Скопје
-->

Шпанската екипа Реал Сосиедад од денеска е во Скопје и очекува на утрешниот дуел со Вардар да ја постигне втората победа во групата Л од Лига Европа и да освои нови три бодови.
На прес конференцијата пред натпреварот се појави тренерот Еузебио Сакристан.
- Подготвени сме за натпреварот со Вардар и сакаме да освоиме нови три бодови во Европа. Имаме респект за Вардар, тие се намачија да дојдат да играат во Лигата Европа, затоа не смееме да правиме грешки. Сакаме победа, но нема да потцениме никого. Ќе се обидеме да наметнеме наш стил на игра и да постигнеме победа, изјави Сакристан.
Гостите од Шпанија во Скопје допатуваа без шест играчи, но тренерот на Реал Сосиедад истакна дека неговата екипа е подготвена за надигрување.
Натпреварот Вардар - Реал Сосиедад се игра утре со почеток во 19 часот, а во истиот термин играат и Зенит - Розенборг.
Зенит е прв на табелата со 6 бодови, Реал Сосиедад и Розенборг имаат по 3 , а Вардар е без бодови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЕУ лани регистрирала 540 обиди за странско мешање, често поврзани со Русија и Кина
-

Теорија на заговор: Синот на Доналд Трамп е патник низ времето
-

Интерпол: Речиси 270 лица уапсени во глобална акција против нелегални лекови
-

Десет фактори што го намалуваат ризикот од деменција и мозочен удар
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
-

Истражување: Повеќето граѓани на ЕУ не ги сметаат САД за доверлив партнер
-

„Тесла“ повлекува повеќе од 200.000 возила во САД
