Девет теракотни икони од Виница на светска изложба во музејот Ашмолијан
Девет теракотни релјефни икони од Виница, кои се дел од една од најрепрезентативните збирки на Археолошкиот музеј на Македонија, ќе учествуваат на светската изложба „Империи на верата, уметноста и појавата на светските религии“ која утре ќе биде отворена во музејот Ашмолијан на Универзитетот во Оксфорд.
- Нашето учество на оваа светска изложба, според нејзиниот споменичен, уметнички, верски и интелектуален потенцијал, е значаен придонес за афирмацијата на македонското културно наследство, а особено фактот дека тие ќе бидат претставени во најстариот универзитетски музеј на светот - Ашмолијан во Оксфорд, соопшти Археолошкиот музеј на Македонија.
Соработката со тој познат музеј на археологија во Обединетото Кралство ја помогнаа министерствата за култура и за надворешни работи на Република Македонија, Македонската амбасада и Фондацијата „Кирил Трајковски“ во Лондон.
- За дадениот придонес во реализацијата на претставувањето во музејот Ашмолијан, Археолошкиот музеј на Македонија посебно се заблагодарува на: Весела Честоева, надворешен соработник и поранешен директор, Славица Вајт, претседател на Фондацијата „Кирил Трајковски“, Љубинка Џидрова, кустос советник и комесар на изложбата, на вработените во Археолошкиот музеј на Македонија кои директно или индиректно помогнаа во изборот и подготовката на експонатите за изложбата, како и на Музејот на Македонија и Музеј Теракота од Виница кои несебично го отстапија материјалот за изложбата, соопшти Археолошкиот музеј.
Релјефните теракотни икони од Виница се уникатен споменичен вид. Збирката била многупати претставувана во многу музеи во светот. Откриени се во раните 1980-ти години при археолошките ископувања на локалитетот Кале кај Виница. Релјефните плочи беа предмет на проучувања и претставување од наши истражувачи, кои до денес успеаја да ги идентификуваат во нивниот полн дијапазон и од сите верски, историски и културни аспекти, со оглед на специфичната формулација на нивниот иконографски и верски концепт.
Изложбата „Империи на верата, уметноста и појавата на светските религии“ во оксфордскиот музеј ќе биде отворена за посетители од 19 октомври до 18 февруари 2018 година.
Ново на Сител
-
Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски
-
ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати
-
Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров
-
Странски државјани приведени на „Табановце“, носеле бела прашкаста материја и таблети
-
Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025
-
Мигранти повторно нападнаа полски војници на границата со Белорусија
-
Над 1.000 идни студенти пријавени во првиот уписен рок на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“
-
До петок сончево и топло