Заев: Подготвен сум за соработка со сите пратеници

Премиерот Зоран Заев изјави дека е информиран во врска со одлуката на пратеникот Чедормир Саздовски да ја напушти неговата партија ГРОМ и да делува како независен пратеник во Парламентот, ја почитува таа одлука и е подготвен за соработка со него, но и со сите пратеници за се што е од национален интерес и во ионтерес на сите граѓани.
- Јас сум и добар пријател со Чедо Саздовски, тој е поранешен претседател на наш општински огранок на Кисела Вода и сум имал средби како и со други пратеници во Парламентот. Секако дека сме разговарале, убедувајќи се сите заедно, да бидеме на една заедничка платформа со она што е заеднички интерес на Македонија. Јас ги поздравувам ваквите одлуки, и пружам рака на соработка, секако, и со пратеникот Чедо Саздовски, а верувам дека ќе има и други такви пратеници заради тоа што веројатно е природно да се случуваат вакви процеси. Она што за мене, како претседател на Владата на Македонија, е значајно да разговараме за се што е од интерес за сите граѓани, за се што е национален интерес на РМ и за се што е стратегија и приоритет на државата – Европа, НАТО, нашите соседи, унапредувањето на севкупните услови за живот, рече Заев на заедничката прес-сконференција со претсеадвачот на Советот на БиХ Денис Звиздиќ.
Тој додаде дека очекува да има соработка со сите пратеници, и оти верува дека ќе има и други, кои, вели, не можат да издржат под притисокот на национализмот, на непријателства или какви било изговори што во минатото се случувале од нашите опоненти.
Уште еднаш упати порака до опозицијата дека на овие избори граѓаните дадоа до знаење каква иднина очекуваат и оти во иднина и опозицијата би требало да го смени својот однос.
- Сакам да ја повторам нашата порака и она што е наше очекување – силна опозиција значи силна власт, слаба опозиција значи забегана власт. И кажувајќи го тоа сакам да испратам чесна порака кон нашиот политички опонент, но истовремено да испратам порака за колку е возможно поголема конструктивност и во Парламентот, низ институциите на системот заради тоа што убеден сум целиот регион и РМ се можеби пред неповторлива шанса која што мора државата да ја искористи, рече премиерот Зоран Заев.
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ стартува на 1 февруари, Тошковски ги обвини СДСМ и ДУИ дека ги ставиле партиските калкулации над човечките животи
-

Со едукација до свесно родителство | Марија Саздева | Личен Развој | Sitel Podcast 136
-

Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ го посети ФК Силекс на подготовките во Анталија
-

Почнаа руско-украинските преговори под покровителство на САД во Абу Даби
-

Во велешката болница било донесено починато шестогодишно дете од Градско
-

Кривична за управител на правно лице, со фалсификување документи го оштетил РЕК Битола за сума од скоро 90.000 евра
-

Пожарот кај Тутунски комбинат локализиран, нема повредени
-

Извршени првите тренажни летови со „Ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување
