Шпанскиот суд одлучи да не биде уапсен шефот на каталонската полиција

Шпанскиот суд одлучи лидерот на каталонската полиција, Жозеп Луис Траперо да не биде уапсен, и покрај барањето на обвинителот тој да биде притворен, додека е во тек истрагата за поттикнување на немирите.
Портпаролот на судот изјави дека пасошот на Траперо ќе му биде одземен и дека тој нема да може да ја напушти Шпанија додека трае истрагата. Покрај тоа, тој ќе треба да се појави пред суд на секои две недели. Шефот на каталонската полиција беше осомничен, но против него нема покренато обвиненија. Тој беше испрашуван во Мадрид заедно со неговиот заменик и претседателите на две сепаратистички организации.
Распитот се однесува на настаните, кои се случија за време на уличните протести во Барселона на 20 и 21 септември.
Обвинителството го обвини Траперо дека во септември на вработените во Националната цивилна гарда не им била дадена никаква помош, кога биле опколени во зградата на владата на Каталонија од приврзаници за независност.
Протестите во Барселона започнаа откако на 20 и 21 септември шпанската полиција вршеше претреси во канцеларии и домови во Каталонија, за да го спречи организирањето на референдумот за независност. Повеќе од 10 лица беа уапсени.
Ново на Сител
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
