Самит 100: За Е-мобилити во регионот потребна е добра инфраструктура
Земјите од регионот мора да изградат добра инфраструктура па да стигнат до Е-мобилити која е последната лекција. Ова го порача вицеремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска обраќајќи се на панел посветен на Е начин на размислување за растот на електрификација врз основа на меѓусебно поврзување на Самит 100, што се одржува во Скопје.
- Е-мобилити е последната лекција и земјите од регионот треба да се вратат неколку чекори назад. Прво треба да изградиме добра инфраструктура. Не може да зборуваме за е-мобилити, а имаме два града до кои патуваме по пет часа. Од Скопје до Софија и Тирана се патува пет часа и ако една дистанца ја поминуваме за пет часа тогаш имаме проблем. Исто така и ако до Босна ни требаат да патуваме 12 часа, а немаме авионска линија, рече Анѓушев.
- Потенцира дека новата Влада ќе биде посветена да изгради добра инфраструктура со соседите, но и да ги стимулира граѓаните за да користат електрични автомобили.
- Тоа, според него, може да се направи со ослободување при купување електричен автомобил од царина и акциза.
Анѓушев објасни дека користењето електрични автомобили ќе придонесе за намалување на загадувањето, но ќе влијае и во делот на енергетскиот сектор.
- Луѓето треба да имаат интерес за тие возила но треба да ги направите подостапни ако направите да бидат ослободени од царина и акциза, истакна Анѓушев.
Електричните автомобили ќе трошат струја, а корисниците ќе ги полнат во вечерните часови така што тоа ќе влијае врз намалување на пиковите меѓу дневната и ноќната потрошувачка. Ова се дополнителни аспекти на кои треба да бидеме свесни. Вкупната потрошувачка на електрична енергија ќе се зголеми и таа ќе треба да се произведе, но кога имате електрани на ветер и кога во одреден момент нема да можете да ја продадете електричната енергија ќе треба да се појави клиент кој ќе ја потроши вишокот енергија и за тоа се најдобри електрични возила, истакна Анѓушев.
И министерот за транспорт на БиХ Исмир Јуско потенцира дека сите земји од регионот се уште се во пелени кога станува збор за вакви проекти, но додаде дека во БиХ има фирми што навестуваат дека може да се свртиме кон новиот пазар и дека ќе може да се создаде инфратруктура.
Тој изрази поддршка на проектот Едисон и побара и БиХ да биде дел од тоа решение.
Самит 100 се одржува денеска и утре во Скопје а главна тема е поврзувањето. Присутни се над 150 бизнис лидери од ЈИЕ, министри од регинот, претставници од ЕК, а утре е најавен премиерски панел на кој ќе присуствуваат премиери од Македонија, Црна Гора, БиХ и Албанија.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 5,2 степени во близина на Санторини – најсилен досега
-
Им се заканувале по живот на сопружници за да добијат 10.000 евра - тројца скопјани осомничени за изнуда
-
Наташа Беквалац ми беше како мајка! | Луна Бејков | Sitel Podcast 080
-
Вест Хем се обидел да го привлече Ендрик од Реал Мадрид
-
Реал Мадрид одби средба со раководството на судиите
-
Опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност
-
Пронајдени телата на сите 67 жртви од авионската несреќа во Вашингтон
-
Аргентина ќе го следи американскиот пример и ќе ја напушти СЗО