Ракомет
16. October 2017 - 8:20

Очекувано: Штербик голман на колото, Прибак на позицијата плејмејкер

Сосема очекувано по 14-те одбрани на дуелот со Барселона голманот на Вардар Арпад Штербик се најде во тимот на колото како најдобар на својата позиција.
Во изборот се најде и македонскиот репрезентативец кој игра за Бешикташ Немања Прибак, кој одигра феноменален натпревар 12 гола од обиди во ремито на Бешикташ дома со Мотор.
 
Најдобрата „седморка“ на 5.коло од ЛШ:
голман Арпад Штербик (Вардар)
лево крило Бастер Енгелбрахт Јул-Ласен (Алборг)
лев бек Мадс Менсах Ларсен (Рајн Некар Ловен)
среден бек-плејмејкер Немања Прибак (Бешикташ)
десен бек Алеск Душебаев (Киелце)
десно крило Михаел Дашек (Висла)
пивот Никола Турно (Нант)