-->
-->
Можно е ЕК да го одложи објавувањето на прогрес-извештаите за една недела
-->
Постои можност Европската комисија првпат по многу години да го одложи објавувањето на прогрес-извештаите за напредокот во евроинтеграциите на земјите-кандидати и потенцијални кандидати за членство во Европската унија за една недела, јавува дописникот на МИА од Брисел.
Иако уште одамна беше најавено дека неофицијалната Влада на Унијата ќе ги објави извештаите за напредокот на Република Македонија и останатите земји од процесот на проширување идната среда, според засега се уште непотврдени информации, ЕК тоа ќе го стори на 21-ви овој месец.
- Не можеме да потврдиме, но засега има далеку поприоритетни работи за Комисијата и воопшто за Унијата, а тоа е, пред се, ситуацијата со бегалците од арапскиот свет, потврди извор од ЕУ за МИА, инсистирајќи на анонимност.
Официјално, од ЕК најавија дека до крајот на денот ќе објават дали ќе има одложување на објавата на прогрес-извештаите за напредокот на земјите во процесот на приклучување кон ЕУ. Тоа, според новиот план, еврокомесарот за преговори за проширување Јоаханес Хан, ќе го стори на 21-ви овој месец (среда), откако претходно истите ќе ги усвои Колеџот на комесари на ЕК и ќе бидат претставени пред пратениците во Европскиот парламент.
За Македонија, она што е извесно е дека во прогрес-извештајот ќе има седма последователна препорака од Еврокомисијата за отворање на пристапните преговори за членство во Европската унија, со тоа што би била на некој начин условена со усвојување и усогласување на тајмингот со имплементација на сите точки од политичкиот договор од 2 јуни и 15 јули за решавање на политичката криза во земјата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Одмазнички напади на Иран врз Израел, во Тел Авив повредени неколку лица | ВИДЕО
-
Новиот командант на иранската Револуционерна гарда се закани: „Портите на пеколот“ ќе се отворат за Израел
-
Трамп: САД не беа предупредени, но беа свесни дека Израел планира да го нападне Иран
-
Состанокот на Мешовитата историско-образовна комисија заврши без резултат
-
Нетанјаху денеска ќе разговара со Трамп, Путин и Стармер по нападот врз Иран
-
Единствениот преживеан од падот на авион во Индија: Не можев да поверувам дека сум жив
-
Во монтажен контејнер во Претор пронајден починат Американец
-
ИДФ тврди дека значително е оштетен објектот за збогатување ураниум во Натанц