Гутереш: Продолжува соработката со САД и покрај повлекувањето од УНЕСКО

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ќе продолжи да соработува со Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и покрај несогласувањата, изјави неговиот портпарол Фархан Хаку откако официјален Вашингтон соопшти дека се повлекува од УНЕСКО.
Гутереш „длабоко жали“ поради одлуката на САД, но „во исто време многу продуктивно комуницира со САД во врска со многу прашања и преку многу организации и ќе продлжи да го прави тоа“, изјави Хаку.
- Постојат моменти кога може да се појават несогласувања во врска со ова или она, но генералниот секретар, како што видовте, работи добро со владата на САД, рече Хаку.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека и Израел се подготвува за повлекување од УНЕСКО, неколку часа откако САД објавија слична најава.
Американскиот Стејт департмент вчера соопшти дека САД на 31 декември 2018 година се повлекуваат од УНЕСКО.
- Не беше лесно да се донесе одлуката и таа ја изразува загриженоста на САД поради се поголемите неподмирени обврски во УНЕСКО, потребата за темелна реформа во организацијата и постојаната пристрасност во УНЕСКО насочена против Израел, соопшти Стејт департментот.
Во соопштението, исто така, се наведува дека САД ќе настојуваат „и понатаму да бидат ангажирани како земја со статус на набљудувач и да придонесат со ставовите, перспективите и стручноста на САД“.
Американската Администрација значително го намали буџетот за УНЕСКО во 2011 година во знак на протест против одлуката да им се даде полноправно членство на Палестинците во Организацијата.
Ново на Сител
-

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец
-

Мицкоски: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО
-

Одбележан Денот на Генералштабот и шестгодишнината од членството во НАТО
-

Мицкоски: Зар некој може да верува дека говорот на првата дама на САД оди на рецензија кај некој дипломатски претставник?
-

Се снимал додека пукал во воздух за на социјални мрежи - Кривична за жител на Чашка
-

Мицкоски: Како ниедна држава во Европа интервениравме директно од буџетот со намалување на ДДВ на нафтата
-

Автобус удрил во 16-годишно девојче пред училиште во кумановско
-

Кривична за татко од Крива Паланка за запоставување на родителската должност
