Заев и Шилегов потпишаа Меморандум со еснафот на Старата скопска чаршија
Меморандум за соработка со кој ќе се овозможи ревитализација и осовременување на инфраструктурата на Старата скопска чаршија потпишаа денеска премиерот Зоран Заев и кандидатот за градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов со еснафот од Чаршијата.
- Тука сме заедно сите да го дадеме својот збор. Оваа чаршија ќе заживее. Оваа чаршија е дом на еснафите, но и дом на секое еснафско семејство кое го знае нејзиното значење за Скопје. Оваа чаршија не е само чувар на различните драгоцени занаети, не го поврзува само минатото со сегашноста. Оваа чаршија е симбол на нашето единство на различности, на нашето заедништво, на нашата заедничка иднина. Затоа сосема се оправдани и прифатливи барањата на еснафите за обезбедување инфраструктурни услови со коишто и ние како нив веруваме дека ќе го вратиме животот во чаршијата за сите, рече Заев во изјава за медиумите.
Претседателот на еснафот на Старата Чаршија Бејтула Морина подвлече дека ова е прв пат еснафот, дуќанџиите да седнат со премиерот на државата да се договорат за конкретни работи и проекти кои се преточени во документ што треба да се реализираат со цел решавање на најсуштествени прашања за чаршијата и еснафот. Како главен го посочи проблемот со паркиралиштата.
- Ние во документот вметнавме три катни гаражи кои ќе го решат тој проблем. Постојат и ред други, како осветлување, обновување на калдрмата. Со закон ќе треба да се среди и прашањето за правото за користење јавни површини од страна на рестораните и дуќаните за што ќе плаќаат и надомест. Во однос на електричната инсталација таа треба да оди подземно, а треба да има и оптички кабли за квалитетен интернет со што ќе имаме што да им понудиме на гостите, вели Морина.
Шилегов истакна дека на денешната средба се обврзале во најкраток можен рок по освојувањето на мандатите на претстојните локални избори да го исполнат Меморандумот во целост за што имаат општ консензус како би можеле да го вратат животот во Скопската чаршија.
- Во овој Меморандум го обработивме и прашањето за зголемување на безбедноста и на посетителите и на сопствениците на објектите за таа цел ќе биде поставен видео надзор со 180 камери за секој агол од чаршијата и физичко обезбедување со што ќе биде безбедна 24 часа дневно, рече Шилегов.
Ново на Сител
-
Нема партиски вработувања, ниту на министерот Меџити му се одземени ингеренциите, вели премиерот
-
Без вода утре дел од Центар
-
Мицкоски: Мора да се кажува вистината за Македонија и да градиме сојузништво
-
Божиновска: Завршува ерата на неточни броила, опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните
-
Бејрут: Десетици илјади луѓе на погребот на убиениот лидер на Хезболах Хасан Насрала
-
Загадувањето на воздухот во Холандија ја надминува дозволената граница на СЗО
-
Oд средината на март од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час
-
Две лица повредени во сообраќајка во Скопје