„Гугл транслејт“ го преведува и она што се снима со камера од мобилниот

Иако поголемиот број корисници „Гугл транслејт“ го користат на традиционален начин, тој во последно време толку многу напредна што дури може да преведе и текст кој вие го снимате со камера.
Можеби ова звучи како од научно-фантастичните филмови, но тоа навистина функционира.
Се што е потребно е да ја отворите апликацијата на вашиот мобилен телефон, да кликнете на иконата камера и да го насочите објективот кон текстот што сакате да го преведете, без разлика дали станува збор за весник, знак на улица, прирачник за некој апарат и слично. Преводот ќе се појави веднаш на мобилниот, а за тоа не ви е потребна ни интернет врска.
Преводот е со сличен фонд со оној на натписот на странски јазик.
Кон крајот на јули оваа година бројот на јазици од кои и на кои може да се преведува со „Гугл транслејт“ се зголеми на 27, а преводот стана многу побрз и поедноставен.
Бидејќи во земјите во развој бавните интернет врски можат да го отежнат користењето на многу онлајн апликации, „Гугл“ кон крајот на јули одлучи да го подобри преводот за да биде побрз дури и на слабите мрежи.
- Пред нас е уште многу работа, повеќе од половина содржини на интеренет се на англиски јазик, кои го зборуваат само 20 отсто од населението. Овие промени ќе урнат уште некои бариери, овозможувајќи подобра комуникација и добивање информации кои се потребни, порача тогаш „Гугл“.
Ново на Сител
-

ИЈЗ со препораки за населението во поплавените подрачја
-

Вардар подобар од Брера на гостувањето во Струмица
-

ЦУК: Стабилна состојба на реките по обилните врнежи, се расчистуваат мостови
-

Сопственик на фирма од кавадаречко оштетен за 80 илјади денари, измамен преку хакирана електронска пошта
-

Патничка повредена при судир на автомобил и автобус кај Струга
-

Во Струга приведен крадец баран за затворска казна од три години
-

Поетот Севдаил Демири и писателот Ресул Шабани добитници на државната награда „22 Ноември“ за 2025 година
-

Штети и проблеми од невремето во западна Грција и на островот Крф
