Акција за собирање кабаст отпад во општина Аеродром
Општина Аеродром во соработка со јавното претпријатие „Комунална хигиена“ денеска и утре ќе реализира акција за собирање кабаст отпад.
Акцијата денеска ќе се одвива во Ново Лисиче, Реонски центар „Аеродром“, населбата Лисиче и Горно Лисиче. Граѓаните кои имаат кабаст отпад, од 7 до 9:30 часот ќе можат да го остават пред своите домови, куќи или згради.
Општина Аеродром потсетува дека е потребно да се внимава отпадот да не го попречува движењето на пешаците и возилата и местото да биде пристапно за возилата на ЈП „Комунална хигиена“ за тие да можат непречено да го соберат отпадот.
Акцијата в сабота ќе се одвива во населбите Мичурин, Стар Аеродром, Острово и Јане Сандански во истиот временски период, од 7 до 9:30 часот.
Под кабаст отпад се подразбира мебел и делови од мебел, бела техника, електрични апарати за домаќинство (шпорети, ладилници, машини за перење алишта и за садови, бојлери и слични предмети), електронски апарати (компјутери, телевизори, музички системи и сл.), но не и градежен шут.
Ново на Сител
-
Во Берово најстудено со - 5, Охрид, Виница и Гевгелија измерени 4 степени
-
Трамп: Испишавме историја
-
САД/Избори: На Трамп му требаат уште четири електорски гласови за да победи на претседателските избори
-
Вучиќ: Полицијата покажа воздржаност во Нови Сад, секој насилник ќе биде уапсен
-
Претставен паметниот телефон „Уанплус 13“
-
Ѓоковиќ се повлече од завршниот АТП турнир поради повреда
-
Седница на Судски совет, на дневен ред избор на судии и претседатели на судови
-
Седници на две собраниски комисии