Македонија
4. October 2015 - 9:41

Гостување на театарот „Хелена Моджејевска“ од Полска

Во Македонскиот народен театар вечер ќе гостува театарот „Хелена Моджејевска“ од Легница, Полска, со претставата „Мојата Босна“ на Катажина Книхалска во режија на Јацек Гломб. 
 
Се работи за приказна за реемигрантите од Босна, кои по Втората светска војна го населувале реонот на Болеславјец.  

Гостува десетчлена актерска екипа. Сценограф и костимограф е Малгожата Буланда, музиката е на Лаутари трио.