Адеми: Национална стратегија за дијаспората со цел да се спречи нејзино злоупотребување за изборни цели
- Владата се обврза да изработи национална стратегија за соработка со дијаспората, со цел да се спречи нејзино злоупотребување во изборите процеси и за изборни цели, изјави денеска министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, презентирајќи го сработеното од првите сто дена Влада.
Тој истакна дека реализирал средби со повеќе амбасадори во РМ, на кои им е пренесно прашањето за пристапот до дијаспората. Остварени се средби со претставници на организации, како Обединетата македонска дијаспора, Форумот за демократска Македонија, Сојузот на албанската дијаспора во Швајцарија.
Адеми информира дека се сретнал и со генералниот директор на Меѓународната организација за миграција Вилија, Л. Свинг, со кого била разгледана можноста за подлабока соработка по прашања поврзани со дијаспората.
На средбата е договорено ИОМ со свој експерт да учестува во изработка на националната стратегија.
Адеми информира дека Македонија во 2018 година ќе биде домаќин на самит на министри за дијаспора.
Ново на Сител
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено