Светски ден на старитe лица
Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на старите лица 1 Октомври, Црвениот крст на град Скопје денеска ќе презентира мерки и активности насочени кон модернизација и стандардизација на услугите за старите лица.
Како што соопштија од Црвениот крст, на средбата ќе бидат истакнати услугите кои оваа органзиација им ги нуди на старите лица и кои во се планирани да бидат воведеи во иднина, а се резултат на меѓународната соработка со партнери од другите Национални друштва на Црвениот Крст, како и на дополнителни проекти за геронтолошки сервиси.
Светскиот ден на старите лица ќе биде одбележан и со низа други активности како организирање Чи Конг семинар и ликовна колонија за активни стари лица, Заедничка средба на службите за социјална заштита на град Скопје и град Нинберг, размена на искуства - Домашни посети на стари лица од тимови на Црвен крст Нинберг и Црвен крст на град Скопје, како и средба на тимовите на австрискиот и црвените крстови на град Скопје и на Нинберг за унапредување на сервисите за стари лица.
Црвен крст на град Скопје осма година по ред го имплементира социјалниот сервис ,„Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ преку кој се посетуваат 180 стари лица во домашни услови на подрачјето на општините Центар, Кисела Вода, Чаир, Ѓорче Петров, Карпош, Шуто Оризари, Бутел и Сарај, а за активните стари лица функционираат три дневни центри за стари лица.
Овие услуги се даваат од страна на пет медицински сестри, 12 волонтери, четири лица одговорни во дневни центри за стари лица и координатор.
Ново на Сител
-
Македонските фудбалерки со бод од гостувањето во Летонија ја завршија Лигата на нации
-
Гостиварчанец ја нападнал својата вонбрачна сопруга со метален предмет, а потоа ја силувал
-
Уапсен прилепчанец, криумчарел 13 кг тутун и текстил
-
Од актерство се живее ако многу се трудиш | Антонио Ташковски | ПРОфесија | Sitel Podcast 096
-
Утре без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово
-
Возачот кој со автомобил удри во толпа навивачи на Ливерпул останува во притвор
-
Трамп: Кина не го почитува договорот за царините
-
Јаневска очекува државна матура без проблеми, упати пораки до учениците и до тестаторите