-->
-->
Зажнејување на ориз во рамки на Деновите на кочанскиот ориз
-->

На земјоделските површини на Институтот за ориз во Кочани денеска симболично беше означена годинашната жетва на оризот.
Во присуство на министерот за земјоделство, шумарство и вопдостопанство Љупчо Николовски, како и гости од повеќе европски земји, првиот откос со срп го означи годинешната жетварска убавица на Кочани, Ангелина Димитрова.
Присутните на зажнејувањето на оризовиот клас присуствуваа и на вршидбата на оризот со џевгар, традиција која се негувала на овој простор од дамнина.
- Зголемување на субвенции од 18 илјади денари по хектар засеана површина со ориз осносно дополнителни 18 илјади денари на постоечките субвенции по хектар, е мерката која Владата ќе ја примени, најави министерот Николовски.
За градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски, оваа меѓународна манифестација е убава можност таа да се развива и во наредните години со нови содржини потпомогната од Владата и ресорните министерства.
За најуспешен земјоделски производител во кочанско за годинава е прогласен индидвиуалниот земјоделец Игор Арсов од Кочани, на кого му припадна и паричната награда од општина Кочани.
Манифестацијата Денови на кочанскиот ориз ја следеа делегации од повеке европски земји.
Во Паркот на револуцијата на повеќе штандови беа презентирани јадења подготвени од ориз, а во културно уметничката програма свое учество имаше фолклорни ансамбли и пејачот Ефто Пупиновски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни
-
Голем пожар во Националниот парк "Преспа" - Пустец, ситуацијата станува сериозна
-
Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"
-
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево