ВМРО-ДПМНЕ: СДС е позната како влада која урива
Катастрофалните економски политики, кои СДС и Заев ги водеше овие 4 месеци ја доведоа Македонија да оди кон банкрот, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Лошите макроекономски показатели станаа општ тренд. Имаме во континуитет пад на индустриското производство за 5.3 проценти, пад на странските директни инвестиции, пад на прометот во индустријата и градежништвото. Во Македонија веќе не се слушаат добри вести за економски напредок, туку исклучиво негативни вести за тоа колку назадувала државата. Македонија оди кон банкрот. Констатирање за тоа имаше и Народната Банка на Република Македонија. Пад за 1.6% се забележа во активноста на банките, надополнето со пад на БДП. Поради лошата економска ситуација на државата, што ја створија СДС и Заев, НБРМ потврди дека банките ја намалија својата кредитна активност. Фирмите и компаниите се потешко се одлучуваат да инвестираат и земат кредит. Ваквата лоша политика ќе придонесе помалку пари за компаниите при што ќе придонесе стагнација во стопанството, стои во партиското соопштение.
-Неспособноста на СДС да води економски политики, директно ја почувствуваа граѓаните врз сопствена кожа. Граѓанските пари, овие 4 месеци беа расипнички потрошени на луксузирања и партиски вработувања. Веднаш имаше пад на просечната плата за 1.3% два месеци по ред и пад на извозот во јули месец за 12%. Бидејќи СДС е позната како влада која урива, веднаш по доаѓање на власт стопира многу градежни проекти. Државата е во слободен пад, и ова мора да запре и граѓаните тоа ќе го направат на 15-ти октомври со пенкало во рака ќе биде испратена првата гласна порака дека е доста, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Македонци во Тајван, сведочат за предупредувањето и опасноста од цунами по земјотресот на Камчатка
-
Кривична за управител за одгледување на канабис за медицински цели, одземени еден килограм и 260 грама марихуана
-
Економско-социјалниот совет треба да одржи седница, се очекува да се разговара за инфлацијата и порастот на платите
-
Уапсен поранешниот НБА кошаркар Морис, обвинет е за измама
-
Без вода неколку улици во Скопје
-
Почнува изградбата на „Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница - Тетово“
-
Тројца украински војници загинаа, а 18 се ранети во руски напад врз единица за обука
-
Земјотрес со јачина од 8,7 степени на рускиот полуостров Камчатка, издадено предупредување за цунами