„Електра“ на МНТ ќе учествува на 57. МЕСС

Македонскиот народен театар со претставата „Електра“ во режија на Андриј Жолдак ќе учествува на 57. Интернационален театарски фестивал МЕСС-Сараево, кој ќе се одржува од утре до 8 октомври.
- Со ова гостување на МНТ, на МЕСС повторно се враќа украинскиот режисер Жолдак, кого сараевската публика го памети по претставата „Животот со идиотот“. За селекцијата на ’Електра’ во соопштението од Фестивалот се вели дека таа е ’сурова и брутална и го поставува прашањето зошто човековата реакција на екстремните околности речиси секогаш е насилство и циклус на одмазда и зошто тоа од времето кога е напишана ’Електра‘ никогаш не се сменило?’“, соопштува МНТ кој „Електра“ ќе ја изведе на 2 октомври во Босанско народно позориште во Зеница во 20 часот.
Во ова фестивалско издание на МЕСС ќе учествуваат 13 земји (Белгија, Полска, Италија, Аргентина, Македонија, Босна и Херцеговина, Шпанија, Хрватска, Србија, Франција, Бугарија, Швајцарија и Црна Гора) со 22 претстави, различни по содржина, во театарските форми и тематски ― од танчарски театар, преку марионетски опери, до театар, предавања и перформанси.
Фестивалската програма ги опфаќа највпечатливите европски режисери во последните години, меѓу кои и Мило Рау, кој ќе гостува со претставата „5 Eacy Pieces“. Италијанската трупа МОТУС, која првпат гостува на МЕСС со претставата „MDLSX“, во режија на Даниела Николо и Енрико Касагранде, „Слободата е најскапиот капиталистички збор“, претстава во продукција на БИТЕФ во изведба на Камерен театар 55 од Србија, претставата „Непожелна“ од Франција во режија на Дороте Мунанеза, кореографка и авторка од Руанда. трупата „Вокс Попули“ од Бугарија ќе настапи со претставата „Мир во вас“ во режија на Неда Соколовска. Полска ќе се претстави со претставата „Еден гест“ на Нови Театар во режија на Војтек Зимилски. Аргентинската кореографка Марина Отеро на публиката ќе ѝ се претстави со перформансот „Сеќавајќи се 30 години за да се живее 65 минути“.
- Интернационалниот театарски фестивал МЕСС уште од своите иноваторски почетоци бил подготвен со сите досегашни раководства низ својата историја, дури и во невозможните околности во Босна, да создаде културно засолниште за сите генерации, ризикувајќи и вложувајќи во најхрабрите и најинтересни уметнички проекти. Тоа е причината што МЕСС е еден од водечките фестивали на овој дел од Европа, наведува МНТ во известувањето.
Ново на Сител
-

Во ЈЗУ во Гостивар прегледани 197 пациенти кои првпат побарале лекарска помош, што е намалување во однос на претходниот ден
-

Пијан велешанец ја нападнал мајка си и ѝ го скршил мобилниот телефон
-

26-годишник живеел во вонбрачна заедница и силувал малолетно девојче повеќе од една година
-

Сообраќајка помеѓу 4 автобили во Скопје, повредени повеќе лица
-

Штрајк на грчките цариници во понеделник, товарниот сообраќај во прекин
-

Муцунски: Нема информации за закани кон Македонија поради поддршката на американските операции во Заливот
-

Трамп се закани со сериозна воена одмазда против Иран и Хутите како негови сојузници
-

Кавадарчанец осомничен дека измамил кумановка за 9.000 евра со ветување за странски пасош | ФОТО
