-->
-->
Доминација на домашните селекции во 1.коло од квалификациите за ЕП за ракометарки
-->

Со четирите натпревари одиграни синоќа беше комплетирано првото коло во квалификациите за Европското првенство за ракометарки, што следната година ќе се одржува во Франција.
Во воведната рунда фаворитките немаа проблеми. На дури тринаесет од четиринаесетте средби одиграни, во седумте групи, победи забележаа репрезентациите кои ја имаа улогата на домаќини.
Единствено од гостинките, ракометарките на Литванија останаа непоразени и тоа во дуелот против Германија кој заврши без победник.
Комплетни резултати од 1.коло во квалификациите за ЕП 2018-та за ракометарки:
Група 1: Хрватска - Швајцарија 32-28 и Норвешка – Украина 35-22.
Група 2: Полска – Италија 40-13 и Црна Гора – Словачка 24-23.
Група 3: Шведска - Македонија 36-20 и Србија - Фарски Острови 38-26.
Група 4: Романија – Австрија 36-25 и Русија – Португалија 32-25
Група 5: Чешка – Исланд 30-23 и Данска – Словенија 28-22.
Група 6: Шпанија – Турција 35-16 и Германија – Литванија 26-26
Група 7: Унгарија – Косово 37-12 и Холандија – Белорусија 33-21.
Во следното коло македонските ракометарки за противник ќе ја имаат селекцијата на Србија против која ќе играат во Скопје веќе во недела во терминот од 19 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
-

Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
-

Кавадарчанец физички го нападнал својот 74-годишен татко
-

Приведен кавадарчанец, физички ја нападнал својата поранешна сопруга
-

Мицкоски и Николоски ќе го означат почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид
