-->
-->
Американската војска елиминира тројца експерти на ИД за дронови
-->
Американската војска соопшти дека убила тројца мажи, кои во Исламска Држава имале главна улога во развојот, конструкцијата и модификацијата на беспилотни летала-дронови.
- Тие се убиени во серијата американски воздушни напади во Сирија, во средината на овој месец, соопшти денеска портпаролот на американската воена коалиција Рајан Дилон.
Портпаролот додаде дека двајца од убиените биле задолжени за производство и модификација на комерцијални дронови. Третиот убиен бил надлежен за нивниот развој, а настрадал во својата работилница во близина на сирискиот град Мајадин.
Дроновите ги користеле за набљудување и како лесно оружје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Маркетите со речиси преполовен промет по бојкотот, Владата за утре најавува детали од инспекциите
-
Блокадата на „Мостот Слобода“ во Нови Сад траеше цела ноќ, студентите спиеја на улица
-
Сенката на можна трговска војна се надвиснува над односите ЕУ-САД
-
Утре без струја делови од Зелениково, Кисела Вода и Сарај
-
Магла утринава на неколку патни правци
-
Променливо облачно, претпладне со магла по котлините
-
Тројца мaлолетници нападнале син на државјанин на Белорусија
-
Туск со порака до Трамп: Не се плашиме, имаме одговор за американската царинска војна