ВМРО-ДПМНЕ: Сугарески најавува проекти изготвени и за кои пари обезбеди претходната влада

Министерот за транспосрт и врски Сугарески денес без срам се појави да најави проекти кои се изгответвени и за кои се обезбедени средства од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Ова впрочем и не не зачудува, бидејќи тој покажа дека ниту знае ниту сака да сработи нешто за граѓаните, па сега му преостанува да се кити со туѓи перја.
Јавноста очекуваше да види најава од страна на Сугаревски дека се отпочнува изградба на барем еден километар од ветените 550 километри автопати и 600 километри магистрални патишта, кои што СДС им ги ветуваше на граѓаните.
Народот виде кој капацитет е Министерот Сугаревски. Не беше способен да ги доврши отпочнатите автопати, па бараше оправдувања или уште полошо од слепа омраза кон ВМРО-ДПМНЕ, стопираше и блокираше проекти кои се во интерес на граѓаните.
Овие прес конференции сега на Сугаревски не се ништо друго туку само обична манипулација во пресрет на локалните избори со проекти кои актуелните градоначалници ги подготвиле и за кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ обезбедила средства за реализација.
И на крај во однос на приоритетите на Сугарески најдобро говори тендерот на Мкедонски Железници Транспорт, претпријатие под надлежност на министерството за транспорт и врски, со кој се врши набавка на алкохол во износ од над 24 илјади евра. Значи за Сугарески поприоритетно е набавката на алкохол од реализација на проекти за граѓаните.
Граѓаните гледаат и граѓаните ценат. Резултатот од тоа ќе биде катастрофален пораз кој гераѓаните ќе им го испорачаат на СДС и на Сугаревски на 15 октомври.
Центар за комуникација на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
-

Од утре дожд и невреме, од вторник пристигнува и заладување
-

Сообраќајната полиција доби 33 нови „Piaggio Beverly 310“ вредни над 270.000 евра
-

Ѓорѓиевски: Ново поглавје во јавната хигиена - специјализираните возила на ЈП „Комунална хигиена“ излегуваат на терен | ВИДЕО
-

Од бостан, пиперки и лозје заработивме 350.000 евра, продававме и во Горни Милановац – сведочеше мајката на судијата Ѓоко Ристов
