Двајца повредени во сообраќајка кај Делчево

Две лица потешко повредени во сообраќајка што се случила синоќа меѓу трактор и „сеат ибица“ на регионалниот пат Пехчево - Делчево кај месноста Стамарески преод.
Според Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип, и двете возила се движеле во иста насока, од Пехчево за Делчево.
- На тракторот со приколка кој не бил регистриран, се превезувале четири лица, возачот на тракторот, 49-годишниот В.Ц., неговиот син, татко и сопруга, а ПМВ со делчевски регистерски таблички, го управувал 22-годишниот М.Д. Возилото се удрило во тракторот и од несреќата со повреди завршиле возачот на тракторот и неговиот син, при што веднаш им е укажана прва помош и со возило на Итната медицинска служба во Делчево се однесени во Клиничка болница Штип. Другите учесници не се повредени, информира Панајотова.
Надлежните органи извршиле увид на местото на несреќата по комплетирање на доказите ќе се утврдат и причините кои довеле до несреќата.
Ново на Сител
-

Фицо: Постои растечка недоверба во ЕУ поради Украина
-

Орбан: Зеленски мора да знае дека може само да изгуби со напад врз Унгарија
-

САД на полноќ ќе престанат да ги наплаќаат царините кои Врховниот суд ги укина во петокот
-

Јавна дебата на УКИМ за предлог-законот за високо образование
-

Ниски утрински температури, преку ден сончево со температури до 16 степени
-

Поради зимска бура затворени училишта на североистокот на САД, откажани илјадници летови
-

Уапсен Артан Груби | ВИДЕО
-

Леброн Џејмс прв играч во историјата на НБА кој достигна 43.000 поени
