Џет-Сет
23. September 2017 - 19:16

Рада Манојловиќ го нападна своето момче среде кафеана

Српската фолк пејачка Рада Манојловиќ важи за трпелива и одмерена дама, но кога некој ќе ја испровоцира, таа нема влакна на јазикот.

Во овој случај настрадало нејзиното момче, пејачот Харис Берковиќ.

Кога Рада пристигнала навреме во кафеаната забележала дека го нема нејзиното момче, кое веќе требало да биде таму и да ја чека. Кога се појавил по половина час настанал хаос.

Рада почнала да вреска и да се расправа, му објаснувала како е ужасно ладно и дека смрзнала чекајќи го. Харис се извинил, а потоа продолжиле со уживање во вечерта, пишуваат српските медиуми.