Македонија
22. September 2017 - 17:04
Вo Прилеп загина 39-годишен пешак, возачот побегнал од местото на настанот
На крстосницата на улиците “Трајко Николоски” и “Леце Котески”, во близина на Железничката станица во Прилеп, синоќа се случила тешка сообраќајна незгода во која, на лице место, смртно настрадало едно лице. 39-годишниот прилепчанец Миле Јандреоски бил пешак, а автомобилот и возачот кој удрил во него, се уште не и се познати на Полицијата, бидејки, веднаш по несреќата, сторителот, најверојатно избегал.
Очевидците кои живеат во непосредна близина на местото на несреќата, се уште видно вознемирени, денеска не сакаа да зборуваат во камера, но ни раскажаа дека синоќа, околу 20 часот и 30 минути слушнале страшен тресок, по што веднаш излегле да видат што се случува. По врнежливото и ветровито време, забележале само човек кој облиен во крв и во бессознание лежел на пешачката патека. Веднаш повикале Полиција и Брза помош, но, лекарите само ја констатирале смртта.
Неофицијално дознаваме дека несреќниот Јандреоски, во кобниот момент се враќал од извесна прослава кај свои роднини и бил сам. По налог на истражен судија телото е предадено на обдукција, а по сторителот на ова тешко кривично дело, се трага.
-
Каролина Дурло
Сите содржини од овој новинар
-->
-->