„Сите бои на џезот“ во Крива Паланка
Со џез концертот на „Белучи квартет“ од Скопје и ликовен перформанс на академскиот сликар Роберт Цветковски, синоќа во Национална установа Центарот за култура од Крива Паланка,беше промовиран проектот „Сите бои на џезот“.
Проектот го спроведува Центарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка, а финансиски е поддржан од Министерството за култура, во рамките на манифестацијата „Нов културен бран 2017“.
- Со „Сите бои на џезот“ сакаме да и понудиме на кривопаланечката публика нешто поинакво од областа на културата и уметноста, нешто што досега не им било достапно или имале ретка можност да присуствуваат. Вреднувајќи ја културата од поинаков агол, со вистинските уметнички вредности, настојуваме да и во малите места, како што е Крива Паланка, на луѓето им се приближат квалитетните содржини од областа на уметноста, велат од Центарот за аудиовизуелни уметности.
Публиката беше воодушевена од настапот на младите џез музичари од „Белучи квартет“ Кирил Кузманов на саксофон, Гордан Спасовски на клавијатури, Благоја Антовски-тапани и Кирил Туфекчиевски-контрабас.
- За време на целовечерниот концерт беа изведени џез стандарди и авторска музика. Истовремено, на исто место во живо се одвиваше и перформансот на истакнатиот македонски ликовен уметник Роберт Цветковски, чии слики се дел од голем број колекции и збирки во САД, Кина, Јапонија, Швајцарија, Црна Гора, Србија, Бугарија, Македонија идруги земји. Љубителите на ликовната уметност на лице место можеа да видат како се создава едно уметничко дело, кое ќе биде понудено на аукција, а средствата се наменети за хуманитарни цели, Центарот за аудиовизуелни уметности.
Ваквиот уметнички спој наиде на огромно задоволство и извонреден прием кај кривопаланечката публика
Ново на Сител
-
Зеленски: Подготвени сме за крај на војната во замена за членство во НАТО
-
Артета: Сочувствувам со Гвардиола, минува низ пекол
-
Сиљановска Давкова за инцидентите со знамето: Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти
-
Откорната плочата на почесниот конзулар на Србија во Куманово
-
До 5 години затвор за лицето кое го запали македонското знаме во Скопје | ФОТО
-
Кошта: Треба да работиме на проширувањето на ЕУ без вештачки временски рокови и бесконечни пречки
-
ОЈО: Предложен притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза
-
Педесет и седумгодишен маж пронајден починат во својот дом во Кисела Вода