-->
-->
Примера: Барди ја „тресна“ и Валенсија
-->

Македонскиот репрезентативец Енис Барди беше стрелец во градското дерби на Валенсија, каде неговата екипа Леванте како домаќин одигра нерешено 1:1 со Валенсија. Барди голот го постигна во 41.та минута и со тоа го изедначи резултатот на 1:1, откако претходно Валенсија поведе преку Родриго во 31.минута. Македонскиот репрезентативец ги одигра сите 90 минути, а во 37.минута доби и жолт картон. Ова за Барди беше втор гол на третиот натпревар одигран во Примера, откако погоди и против Депортиво во второто коло.
Ленавте и Валенсија имаат ист број бодови – 6 и двата тима имаат по една победа и три нерешени резултати. Леванте е на петтото место на табелата, а Валенсија е шеста.
Со натпреварот Леванте – Валенсија беше „отворена“ денешната програма од 4.коло од Примера. Покрај овој дуел попладнево и вечерва играат: Хетафе – Барселона, Бетис – Депортиво и Атлетико Мадрид – Малага.
На вчера одиграниот натпревар Еибар – Леганес 1:0.
Утре играат: Алавес – Виљареал, Гирона – Севиља, Лас Палмас – Атлетик Билбао и Реал Сосиедад – Реал Мадрид, додека последниот дуел од оваа рунда се игра во понеделник Еспањол – Селта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
