Македонско-бугарскиот филм „Насоки“ ќе го отвори 38. ИФФК „Браќа Манаки“

Филмот „Насоки“, македонско-бугарската копродукција на авторот Стефан Командарев и неговиот соработник, кинематограферот Веселин Христов, ќе го отвори 38. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.
Од 23-ти до 30 септември на ИФФК „Браќа Манаки“ за фестивалските награди ќе се натпреваруваат 13 филмови, а дури 10 нивни кинематографери лично ќе присуствуваат на фестивалот во Битола, истакна Благоја Куновски, директор на ИФФК „Браќа Манаки“ на денешната прес-конференција во Битола.
- Годинашната фестивалска компетиција е од силна - посилна, а за тоа сведочат самите филмови кои се суштински одраз на тоа што е најинтересно од креативноста на кинематограферите во филмови од најновата светска продукција, од различни генерации, главно селектирани од годинашниот јубилеен 70-ти Кан, 67-то издание на фестивалот во Берлин и еден филм од 52 издание на фестивалот во Карлови Вари, посочи Куновски.
Меѓу селектираните 13 филмови, Унгарија, Русија и Франција се застапени со по два филма, а за наградите Златна, Сребрена и Бронзена камера 300 ќе се натпреваруваат и кинематографери од Полска, Германија, Велика Британија, Јужна Кореја...
- Како македонска базична продукција, во традиционалната политика на нашиот фестивал да го промовира и домашниот филм избран е најновиот филм на сестрите Теона и Лабина Митевски, чиј најнов филм „Денот кој немаше име“ е работен со искусната кинематограферка од Франција - Ањес Годар, истакна Куновски.
Соопшти и дека на фестивалското отворање ќе биде емитуван краткиот документарен филм „Крајот на времето“ на Милчо Манчевски, кому фестивалот ќе му го врачи признанието „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност за 2017 година.
Според востановената традиција, ИФФК „Браќа Манаки“ ќе има и богата придружна програма која ќе ја следат и гости, стручни лица и студенти од 14 филмски академии во Европа, беше соопштено на прес-конференцијата во Битола.
Ново на Сител
-

Таткото на убиецот од „Рибникар“ доби 14 и пол години затвор, мајката речиси три години
-

Приведен 37-годишник од Охрид, во неговиот дом се пронајдени оружје и муниција кои нелегално ги поседувал
-

Трамп им заблагодари на Џјинпинг и Путин за „неутралноста“ по однос војната со Иран
-

Политичка кавга во Унгарија околу ценовниот плафон на горивата
-

СП 2026: Ибрахимовиќ го критикуваше Роналдо по натпреварот против ДР Конго
-

Мицкоски: Пред помалку од две години како Влада почнавме од нула, а направивме Македонија да биде во топ пет во Европа по раст на БДП
-

Мицкоски: Мојата визија е Македонија да стане држава на можности, а не на изговори, Македонија забрзува
-

По втор пат во историјата, жена ќе биде главен судија на натпревар од Светско првенство
