Балкан
14. September 2017 - 20:57

Стразбур: Поддржано барањето за итно формирање на Заедница на српски општини

 

Парламентарниот одбор за стабилизација и асоцијација на Европската унија и Србија донесе одлука да го поддржи барањето на српската делегација за итно формирање на Заедница на српски општини. 

Српскиот Парламент соопшти, дека тоа е единствениот дел од Бриселскиот договор чија реализација се уште не е започната. 

На состанокот на одборот во Стразбур, што беше одржан вчера и денеска, соговорниците, исто така, ги размениле и ставовите во однос на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина. Претставниците на ЕУ го пофалиле конструктивниот пристап на Белград кон дијалогот. 

Ново на Сител