Животни на патиштата во Полошко предизвикале 52 сообраќајки за осум месеци
Педесет и две сообраќајни несреќи предизвикани од животни, најмногу кучиња скитници но и мечки, срни и слично, се случиле во Полошко во изминатите осум месеци од оваа година, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци, најголемиот број од несреќите биле на автопатот Тетово - Скопје и Тетово - Гостивар и завршиле со усмртување на животните што неконтролирано се движеле по коловозот како резултат на необезбедениот автопат. Дел од сообраќајките во Гостиварско се случиле и на магистралниот пат Гостивар - Кичево и регионалниот пат кон Маврово и Дебар.
- За среќа досега нема загинати или потешко повредени возачи и сопатници во возилата што налетале и удриле во животните. Најмногу од ваквите несреќи во овој период се бележат во близина на клучките Камењане, Групчин и Неготино-Полошко, пред се како последица на оштетената заштитна ограда на повеќе места долж автопатот и што и натаму е или докрај нефункционална или воопшто ја нема, рече Јосифовски.
Минатата 2016 година на подрачјето на СВР Тетово бројот на сообраќајните несреќи поради необезбедени услови на пат изнесувал 118 од кои најголемиот дел се сообраќајки во кои непосредни учесници или предизвикувачи биле животни - кучиња, зајци, мечка, коњи и друго.
Ново на Сител
-
Дамјан Митев: Хановер е тежок ривал, но нема да се откажеме
-
Шешко во новата сезона во дресот на Манчестер Јунајтед
-
Со дуелот Струга - Охрид ќе стартува 53.то издание на ракометниот турнир Струга 2025
-
Николоски: Новата авиолинија Скопје - Келн значи многу за развојот на туризмот, економијата и бизнисот
-
Одбележување за Карпалак во прилепската касарна: Да не се заборави и никогаш да не се повтори
-
ДЗС: 352 лица ја завршија обуката за пожарникари, утре ќе потпишат договори за работа
-
ЕУ: Бројот на камиони со помош за Газа се зголемува, но се уште е под договореното ниво
-
Нетанјаху: Израел нема намера трајно да го окупира Појасот Газа