Живот
8. September 2017 - 13:19

Венчавка среде автобус - гужвата во автобусот не ѝ пречеше да каже „Да“

Во Њујорк се одржа венчавка на младенци во автобус, во истиот во кој се запознале пред 13 години. На свеченоста присуствувале 50 гости и патници во автобусот, а Кара Мулинс и Освалдо Хименез по церемонијата на венчавање ги размениле своите завети.

Освалдо ја забележал својата сегашна сопруга пред 13 години во автобусот М14 и кога на својата избраничка ѝ предложил венавката да се одвива токму во тој автобус таа прифатила со одушевување.

Венчавката била пренесувана на локалната телевизиска станица NY 1.