Исповед на жена која живее со сопругот во странство: Земав 150 евра да купам подароци за моите, а тој...

Една Босанка, која моментално живее надвор од БиХ, одлучила преку Интернет да го сподели својот исповед, сакајаки истовремено да задржи анонимност. Еве за што станува збор и што таа напишала:
- Толку многу сум разочарана што незнам од каде да почнам... Вака, наскоро треба да одам кај својте во Босна, а инаку живеам во странство.
Е, сега подигнав од сметката на својот сопруг 150 евра за да купам поклони на моите - мајка ми, татко ми, братот и сестрата.
Да скратам, овој мојот ми се налути. А добро работи, работата му е добра, се е ОК. И покрај тоа, ние на неговите, кои исто живеат овде во странство, често матрејално им помагаме.
Тие исто така добро заработуваат, платите им се тродупло поголеми отколку на моите родители и повторно ние им помагаме. на пример, кога автомобилот ќе се расипе ние половина им плаќаме, а поправката е околу 500 евра, неодамна купатилото се реновираше, кое чинеше многу и ние половина плативме. Тоа е само пример, а јас не можам на моите да им купам нешто, а да не се налути тој или неговите?!
незнам што да напишам, какви се тие луѓе, Господе?! Јас велам сакам на брат ми да му земам нешто, а тој на мене... па работи твојот брат! Јас му кажав , па работи и твоите, па им се дава. Уште пак се буни што ќе останам 5 дена кога ќе одам во Босна, со своите родители кои не ги гледа по една година, а неговите ги гледам секој ден. Што би правеле вие на ое место?
Ново на Сител
-

Кратово се подготвува за прослава на патронот на градот - Свети Ѓорѓи Кратовски
-

Мицкоски - Варнс: Заедничка заложба за натамошно јанкење на односите меѓу Македонија и САД
-

Тепачка во казино во Карпош
-

Четиригодишно дете прегазено во Драчево
-

Дански скијач извлечен од лавина на Попова Шапка
-

ССМ ќе чека до крајот на февруари договор за зголемување на платите, во март најавува генерален штрајк и протест
-

Од 30 до 200 елени во Галичица благодарение на Репродуктивниот центар
-

Позајмил автомобил од својот братучед, па го продал на друго лице – кривична пријава за 40-годишен гостиварец
