Живот
31. August 2017 - 11:23

Канабисот – „зеленото злато“ на Кина

Кина полека се претвора во супердржава во производство на медицински препарати од канабис. Одгледувањето на коноп се одвива на североистокот од земјата, покрај границата со Русија, и во јужните реони. Но неговото искористување е под државна контрола. Научноистражувачки институтит работи на неговата употреба за медицински цели, во војните сфери и во индустријата. Во светот се регистрирани околу 600 патенти за производи од коноп. Половината се издадени на Кинези.

Секоја пролет во текот на април, Цзјан Синцјуан засадува дел од својата фарма со насади од коноп. Неговата фарма се наоѓа во провинцијата Хејлунцзјан, до границата со Русија. Обемот на нивите зависи од побарувачката на пазарот. Но веќе неколку години коноп се сее на околу 600 хектари.

Одгледувачите ги продаваат стеблата на текстилните фабрики, кои произведуваат висококвалитетни платна, а листовите – на фармацевтски компании за да прават лекарства, а семињата на фирми од прехрабената бранша, кои од нив произведуваат кондиторски производи, кујнски масла и напитоци.

За фармерите, реколтата е зелено злато. Канабисот им носи над 10.000 јуани (1.500 долари) од секој хектар. А обичните култури, како пченката, носат едвај по неколку илјади јуани. Притоа, конопот нема многу природни болести, значи нема ни трошоци за пестициди.

Властите ја легализираа и воведоа закони за производство на канабисот минатата година. Дотогаш, едноставно ги затвораа очите. Друг важен производен реон е јужната провинција Јунан. Таму производството се одвива уште од 2003 година.

Според државната кинеска статистика, двата реони учествуваат скоро со половина од териториите за легалното трговско одгледување на целата планета. Како што објавува весникот „Саут чајна морнинг пост“, со владината поддршка и своите традиции, Кина без никакви фанфари ја зазема позицијата на супердржава во производството и научна анализа на оваа земјоделска култура.

Нема никаква официјална статистика колку коноп се собира секоја година во Кина. Но, цвета бројот на плантажи – и оние кои работата за индустријата и оние кои ги опслужуваат наркоманите.

Владата финансира научници кои ја истражуваат употребата на тоа растение за воени цели – лечење на војници и производство на материјали за воени униформи. Така се создадени хибридни сорти на таа култура.

Но, не секој ден е Велигден. Во 2014 година Министерството за јавна сигурност објави дека во земјата открило голем број нерегистрирани платнажи за марихуана, особено во провинцијата Цзилин и автономниот регион Внатрешна Монголија.

Коноп се одгледува во Кина веќе со векови наназад. Првенствено заради неговото својстсво дека има силни влакна – неопходна суровина за јажиња, платна и хартија. Од конопни нишки се правени според научниците, првите видови хартија кои се пронајдени во Кина. Семињата и листовите се користат во традиционалната кинеска медицина. Класичен антички труд по фармација од првиот или вториот век од нашата ера го содржи следното предупредување: „Земе ли човек преголема доза, ќе се клати наваму-натаму како збркан и ќе го види ѓаволот... а со умерена употреба ќе може да комуницира со Бога“.

Во разговор за нашиот весник, Алексеј Маслов, шеф на школата за ориенталистика при Високата школа за економија, посочи: „Ништо чудно што канабисот се произведува во големи количини во Кина. Историски е така веќе со децении. Производството се организира уште од 80-ите години од минатиот век. Затоа што земји како Индонезија и Малезија водеа војна против наркотичките зависности. И практично не произведуваа коноп за медициснки цели“.

Логично е Кина да го дигне пехарот како шампион. Растението навистина се користи за медициснки препарати во цивилната и воената медицина. Има и еден посебен момент. Официјалното производство на канабис беше забрането во средината на 80-ите години. Но, со векови манастирите на таоистите традиционално одгледуваат коноп. Затоа што канабисот влегува во составот на така наречен Залак за бесмртност. То ест на препарати кои ги земале таоистите за да добијат долговечност и бесмртност. Тие предизвикуваат халуцинации. И таоистте ги запишуваат своите доживувања во стихови“.

Со векови, поетите Тан и Сун кои и не се поврзани со таоизмот, исто го користеле канабисот како наркотичен препарат.

А, денес странци понекогаш доаѓаат во Кина за да си порачаат по интернет марихуана за лична употреба. Во Кина производството на канабис е секојдневен бизнис, за кој е сепак потребна сериозна контрола. Провинцијата Јунан, на пример, го доставува на британски фармацевтски компании. Но, на обичните луѓе им е забрането да употребуваат канабис. Се случувало млади луѓе да лежат долги години во затвор осудени за продажба или употреба, дополни експертот.

Конопот станува предмет на научни ситражувања на крајот на 70-те години а 20-от век, кога избувна војната во Виетнам. Армијата имаше потреба од платна за униформи, кои ќе останат суви при висока влажност во воздухот.  Конците да имаат антибактериски својства. Други истражувања го анализираат примената на лекарства во чиј состав има канабис во цивилните болици. Како резултат на тоа, во светот во моментов се патентирани околу 600 средства на база на тоа растение. Половината се издадени за Кина.

А Син, претседател на пекиншката организација „Хемпинвестмент груп“, истакнува дека во партнерство со Народноослободителната армија на Кина, се распространуваат кинески производи  тенологии низ целиот свет. Истовремено од кинески воени експерти се вршат клинички проучувања а лекарства за синдромот на посттрауматско стресно растројство.

Според Таи, неговата компанија планира да пласира производи добиени од канабис во сите земји, кои учествуваат во проектот Патот на свилата, разработен од Пекинг.

Но како тоа ќе биде прифатено кај нас? Наша лекарка теврапевт за „Независимаја газета“ изјави дека во Русија не се користат лековитите средства направени од марихуана. 

Независимаја газета/БТА